ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Хан: Србија мора да се приближува кон надворешната политика на ЕУ

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, истакна денеска дека Србија го потпишува договорот за слободна трговија со Евроазиската Унија во рамки на можностите кои ги има, но дека постепено мора да се усогласува со надворешната политика со ЕУ.

Хан, пристигнувајќи на состанокот со претставници на земјите од Западен Балкан во Хелсинки, на прашање на австрискиот јавен сервис „ОРФ“ да ја искоментира „намерата на Србија за приклучпување кон прорускиот блок“ одговори:

„Не се приклучуваат кон ништо, туку го заокружуваат договорот во рамки на можностите што ги имаат. Меѓутоа, одлучувачки е Србија во надворешната политика постепено да се приклучува кон ЕУ“, додаде Хан.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.