Хан најавува можност Македонија да стане членка на ЕУ пред Србија и Црна Гора
Еврокомесарот Хан е уверен дека пред летото Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија..
Датум за почеток на преговорите за земјава уште летово, а отворање на преговарачките поглавја до крајот на годинава, уведен е еврокомесарот Јоханес Хан во пресрет на клучните четири недели за евроинтеграциите на Македонија. Зборувајќи за нивото на подготвеност на земјите од Западен Балкан на економскиот форум во Виена, Хан е дециден. Македонија е политички најстабилна, ги затвори сите прашања со соседите и има конструктивна опозиција. Тоа како, што потенцира еврокомесорот, на земјава и дава шанса да ги престигне сите во регионот и да испрати јасен сигнал до најскептичните земји во Унијата дека заслужува зелено светло за почеток на преговорите.
,,Почнавне преговори со Србија и со Црна Гора и во моментов тие се формално најнапред на овој пат, но тоа, не ја исклучува можноста дека Северна Македонија ќе успее да го надокнади тоа заостанување. Јас сум убеден дека до крајот на годинава, ќе ги отвориме првите поглавја. Според новата методологија тоа ќе бидат поглавната 23 и 24. Звучи малку како техничко прашање, но се работи за владеење на правото и се што е поврзано со него, изјави Јоханес Хан, еврокомесар за проширување
Оптимист за исчекор наредниот месец е и македонскиот премиер. Подговени сме и политички и институционално, рече Заев во обраќањето во Виена, посочувајќи ги како приоритет токму реформите во судството, безбедносните служби и администрацијата, кои се вградени токму во двете најтешки преговарачки поглавја, кои би биле и први отворени. Заев попладнето се сретна со Хан, од кого и лично добил потврда за неговите заложби.
,,Тој е оптимист и јас сум оптимист, рече Заев
Првиот тест за евроинтеграциите на земјава ќе се случи следната среда, кога Европската Комисија ќе го објави извештајот за напредокот на земјава. По еден месец Европскиот совет ќе треба и формално да ја потврди или отфрли препораката за датум, одлука која во најголем дел ќе зависи од Франција, Германија и Холандија. Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар денеска оцени дека земјава ќе добие позитивен извештај кој ќе препорача преговорите со унијата.