Хан во мисија за помирување на Белград и Приштина
Утре еврокомесарот за проширување и соседска политика , Јоханес Хан ќе ги посети Белград и Приштина.
Цел на посетата на Хан на Србија и на Косово е затегнатата состојба во двете земји откако Приштина двојно ги зголеми царините на српските производи. Тоа ќе биде главниот фокус на посетата на Хан , информираат од неговиот кабинет.
Тој ќе се сретне со претседателот на Србија , Александар Вучиќ и на Косово , Хашим Тачи.
Вчера Тачи изјави дека нема начин да ги намали царинтие на производите од Србија и БиХ , кои без зголемени за 100 % откако Косово не стана членка на Интерпол по дипломатската интервенција на Белград.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: