Хаменеи: Америка ги третира другите како полицајците Флојд
Врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи, го спореди убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд со однесувањето на Вашингтон кон другите земји.
„Фактот дека полицаецот сосема ладнокрвно со колено притиска црнец за овој да умре, без оглед на молбите, додека другите полицајци гледаат и не прават ништо – не е ништо ново, тоа е суштината на Америка. Токму така тие се однесуваа кон целиот свет – Авганистан, Ирак, Сирија, кон многу други земји“, рече тој.
Како што рече во својот говор по повод годишнината од смртта на лидерот на иранската револуција, ајатолахот Хомеини, она што се случува сега во разни американски градови и држави е манифестација на онаа реалност што во Америка ја криеја.
„Нема ништо ново во тоа“, додаде Хаменеи.
Протести беснеат низ цела Америка веќе една недела по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Најмалку 40 града воведоа полициски час, но голем број демонстранти сепак излегоа на улиците. Членови на Националната гарда се активирани во 23 земји. Претседателот Доналд Трамп претходно најави мобилизација на армијата за запирање на насилството.