ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Француската влада попушти под притисокот на демонстрантите

Францускиот премиер Едуард Филип објави дека владата ги суспендира планираните покачувања на даноците за горивата за шест месеци. Владата го слушна гневот на француските граѓани, рече Филип и мерките нема да бидат воведени се додека не се одржи вистинска дебата со сите засегнати од нив.

Тоа е гневот на Франција која работи, која работи напорно и која има потешкотии да сврзе крај со крај. Гневот на Францускиот народ чии грбови се до ѕидот, исто така и мајките кои самите ги одгледуваат децата, рече премиерот Филип.

Жолтите елеци, движењето кое ги започна протестите, стана симбол на незадоволството од работата на претседателот Макрон и неговата влада на чело со Филип. Покрај Жолтите елеци на протести излегоа средношколците поради најавени реформи образованието и организирањето на испитите, како и возачите на приватните амбулантни возила.

Гневот потекнува од далеку во минатото. Тој вриеше подолго време, но често остануваше нем, поради гордост, поради навика. Денес се изразува со сила и на колективен начин, тврди Филип.

Три лица загинаа во тронеделните протести кои ја опфатија цела Франција. Стотици беа поврдени во насилните демонстрации и вандализмот кој ги обележа овие протести.

Тоа што го видовме минатиот викенд, Французи кои меѓу себе се борат, линчувани полицајци, нападнати сопственици, тоа не е дозволиво. Апсолутно мораме да ги поставиме основите за мирна дебата, за да можеме да продолжиме со реформирањето на државата, вели лидерот на Лидер на Република во марш, Станислас Гуерини.

Воведувањето на дополнителните даноци за горивата се поклопи со покачувањето на цената на нафтата на светските берзи. Тоа резултираше со зголемување на цените од дури 23 проценти во текот на последните 12 месеци. Дополнителното покачување планирано за 1-ви јануари беше последната капка, која го прели незадовослтвото низ француските улици.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.