ФОТО: Вучиќ во чеченска одора со советникот на Кадиров
Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со советникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и при тој разговор добил многу интересен подарок, соопштија ТВ Н1 и Нова.рс.Советникот на Кадиров, Турко Даудов, за време на разговорите ги пренел поздравите од Чеченија до претседателот на Србија и преку него до целиот српски народ, а на крајот од средбата е направена интересна фотографија каде Даудов на Вучиќ му врачил национална бурка и капа.
-Денес во светот има тешка политичка ситуација, кога Русија дојде во одбрана на духовните, традиционалните и семејните вредности, му покажа на Западот отфрлање на вонземската идеологија што тие ја наметнаа, можеме да кажеме дека целиот западен свет се крена против неа. Но, и покрај сите тешкотии и огромниот притисок што го врши Европа, раководството и народот на Србија не само што не се спротивставија, туку и ја покажаа својата поддршка за Руската Федерација, напиша советникот на Кадиров, Турко Даудов на својот инстаграм профил.
„Во таа насока Рамзан Кадиров ме замоли лично да изразам почит и да пренесам дека вековните братски односи меѓу Русија и Србија уште еднаш ја покажаа својата сила”, наведе Турко Даудов.
Вучиќ ја искористи приликата да му се заблагодари на тоа што рускиот народ за нас е братски народ.
-Затоа, руско-српските односи не можат да бидат уништени под никаков притисок, изјавил Вучиќ, соопштија белградските медиуми.