ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

(ФОТО)Повредените девојчиња ги удрило такси возило

Трите девојчиња кои се згазени во Чаир, ги удрило такси возило откако се симнале од автообус. Сообраќајот е целосно блокиран во моментов на местото на несреќата на улицата која се наоѓа во близина на трговскиот центар Чаирчанка.

Повредените се префрлени на скопските клиники. Едно од девојчињата има потешки повреди, и е на КАРИЛ, а другите две се на Детската клиника.

Од МВР соопштија дека во девојчињата удрил Пасат со скопски таблички.

Очевидците кои ја контактираа Телма велат дека на улиците Цветан Димов и околните големи сообраќајници често се случува автомобилите да возат брзо без разлика на пешаците.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.