ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Формиран најголемиот светски блок за слободна трговија

Петнаесет азиско-пацифички економии го формираа најголемиот светски блок за слободна трговија во Ханој, договор што со поддршка на Кина ги исклучува Соединетите американски држави.

Кина, земјите членки на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд го потпишаа Регионалното сеопфатно економско партнерство (РЦЕП), објави кинеското Министерство за финансии.

АСЕАН се состои од: Брунеи, Виетнам, Индонезија, Камбоџа, Лаос, Малезија, Мјанмар, Сингапур, Тајланд, Филипини, Австралија, Кина, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија.

Овој договор формира сојуз што сочинува една третина од светскиот БДП.

Според последната изјава, договорот предвидува либерализација на трговијата во регионот, што ќе придонесе за нејзин економски просперитет.

Во соопштението се додава дека РЦЕП ќе го стимулира економското закрепнување на земјите потписнички по пандемијата од Ковид-19.

РЦЕП сега може дополнително да го зајакне влијанието на Кина во Азија, давајќи ѝ подобра позиција да ги обликува трговските правила во регионот.

Договорот е значаен бидејќи ривалските регионални сили Кина, Јапонија и Јужна Кореја за прв пат се дел од заедничкиот трговски договор. Индија се повлече од договорот од 2019 година.

Договорот беше потпишан за време на онлајн церемонија на маргините на годишниот самит на АСЕАН.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.