ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Фон дер Лајен во Скопје – со колку пари ЕУ ќе ѝ помогне на Македонија да излезе од енергетската и економската криза?

Со 40 години стари објекти, Македонија се бори против длабоката економска и енергетска криза. Чека нова европска помош за справување со проблемите кои со децении се чувале под тепих и се надева дека странски пари набрзо ќе се слеат во државната каса, но колку? – Прашањето останува да лебди, а одговорот го има претседателката на Европската комисија (ЕК), Фон дер Лајен, која вечерва од Скопје ја стартува својата четиридневна балканска турнеја. Колку од вкупниот фонд за Западен Блакан ќе стигнат во Макеоднија, деталите треба да стигнат, речиси, истовремено со потпишувањето на Договорот за Фронтекс, кој цели четири години беше под бугарско вето.

„Претседателката Фон дер Лејен ќе ја претстави дополнителната поддршка што ЕУ ќе и ја даде на Северна Македонија и на регионот за да помогне во ублажувањето на влијанијата од актуелната енергетска криза. Работејќи заедно, ЕУ и Северна Македонија ќе се обидат да се справат со актуелните предизвици во енергетскиот сектор и да го намалат нивното влијание врз земјата и нејзините граѓани“, соопштуваат од ЕК.  

На потег е Европа – ваква порака испрати и првиот регулатор во земјава, Марко Бислимовски. Вели, Македонија ја заврши својата домашна задача, исполнети се задачите кои ги зацртала комисијата.

Енергетската криза на површина ја исфли целата негрижа на владите, изминатите три децении. Покажа дека со години не е инвестирано ниту евро. Клучни енергетски проекти остана заглавени  само на хартија и на ветувања дека истите ќе се реализираат. Меѓу поголемите е и „Чебрен“, за кој сега има нови оптимистички најави дека, конечно, последен неколку децении ќе почне да се гради. Според пресметките на министерот Нуредини, оваа централа би ги покрила потребите за струја, за над 180.000 домаќинства.

РЕК Битола, пак, со години работи со преполовен капацитет. Предвидените 30 години рок на објектот, централата ги надмина уште пред безмалку една деценија.

ТЕЦ Неготино, пак, после 12 години неработење лани повторно беше ставена во функција. Но, и овој објект, стар со години, беше вклучен за да помогне во справување со недостигот од струја. Состојбата не е најдобра ниту со ТЕЦ Осломеј. И оваа децениска централа знае да биде надвор од мрежа поради дефекти, бидејќи, исто така, станува збор за објект стар повеќе од 40 години. И денеска тој е надвор од функција.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.