ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ФОНДОТ ОДЛУЧИ: Еве преку кои четири банки штедачите на Еуростандард ќе можат да си ги земат парите

Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на Еуростандард банка во стечај и јавноста, дека согласно критериумите пропишани од Фондот за осигурување на депозити за избор на банка – исплатувач, односно банки-исплатувачи преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити, избрани се следните 4 (четири) банки:

·  Стопанска банка АД Скопје

·  НЛБ Банка АД Скопје

·  Халкбанк АД Скопје

·  Комерцијална банка АД Скопје

Во услови на ширење на пандемијатана COVID – 19, Фондот за осигурување на депозити покрај својата основна задача за исплата на осигурените депозити на депонентите – физички лица, има потреба и дополнително да придонесе кон заштита на граѓаните.

Оттука, се донесе Одлука дека исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, ќе се врши преку 4 (четири)  банки со цел да се избегнат масовни собири.

Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките – исплатувачи и ќе ги извести во која банка-исплатувач ќе бидат распределени за подигнување на исплатата на обесштетувањето на нивните осигурени депозити.

Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да започне што поскоро.

А обесштетувањето всушност не застарува, односно откако тоа ќе стартува, штедачите ќе можат потоа да си ги подигнат парите тогаш кога ќе имаат можност. Парите може да ги подигне и ополномоштено лице преку нотар. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.