ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Фирми земаат државна помош, а на работниците или не им даваат плата или ги плаќаат под минималната

УЈП и Инспекторатот за труд за два месецa откриле над 60 такви фирми

Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд во декември и јануари откриле 26 компании што ги злоупотребиле државни субвенции за плати, додека во 41 фирма имало неправилности при исплата на плата и на минимална плата.

Контролите се иницирани од повеќе параметри: износот на добиена поддршка, бројот на вработени, неисплатена плата повеќе од еден месец, како и и врз основа на добиени пријави од граѓани, а се однесуваат на април, мај, јуни и октомври, ноември и декември.

Фирмите се за подготовка и служење храна, трговија на мало, туристички агенции, градежништво… Шеснаесет фирми не го исполнувале условот за добивање финансиска поддршка поради намалување на приходите, а седум отпуштиле вработени повеќе од законски утврденото во месеците откако е доделена помошта.

Во вакви случаи, законот предвидува компанијата да ја врати добиената финансиска поддршка во целост, заедно со камата, а работодавачот пак кој дал изјава за исполнување на условите за користење на поддршката, а не ги исполнил, ќе одговара кривично.

Покрај овие, УЈП  врши контроли во 11 фирми од текстилна и кожарска дејност и обврзници кои се занимаваат со продажба на кондиторски производи, по основ на данок на добивка, ДДВ, данок на личен доход, а поради утврдени одредени отстапувања од даночните пријави и завршните сметки.

Во 41 фирма или не се исплаќаат плати или се под минималната

Државниот инспекторат за труд во декември и јануари утврдил дека 41 фирма на вработените или не исплаќале плата или не им ја давала минималната плата и за нив се изречени опомени, во рок од 15 дена да ги исплатат.  

Една фирма со 10 вработени е казнета со 200 евра, а одговорното лице со 150 евра, бидејќи и по опомената не му не исплатила плата на еден вработен.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.