ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче: Цената од 5 000 денари не е таа по која се набавуваат тестовите за коронавирус

Во прашање е цена која е повисока, но не се однесува на еден тест за коронавирус, туку на пакет услуги што ги откупува ФЗО од здравствените центри

Министерот за здравство Венко Филипче демантира дека еден тест за коронавирусот во јавното здравство се откупува по цена од 4 950 денари, како што тврдеше денеска и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги здравствените власти во земјава за „воено профитерство“.

Филипче објасни дека во прашање е цена која е повисока, но не се однесува на еден тест за коронавирус, туку на пакет услуги што ги откупува Фондот за здравствено осигурување од здравствените центри. На тој начин, како што објасни, функционира целокупниот здравствен систем во земјава.

„Цената од близу пет илјади денари што проструи во јавноста не е цената по која се набавуваат тестовите за коронавирусот. Станува збор за цена според која Фондот за здравствено осигурување ги откупува услугите кон Институтот за јавно здравје, односно центрите на јавно здравје. Цената која е повисока од сумата со која се шпекулира е цената според која ФЗО плаќа кај јавните здравствени установи за една услуга“,

рече Филипче.

Тој посочи дека постои мошне специфична технологија на пресметка на цена на услуга, каде што не е вкалкулирана само цената на потрошениот материјал, туку и вработените, нивните плати.

„Истиот систем е, на пример, на Клиниката за кардиологија, каде што не се плаќа само стент, туку целокупниот пакет на услуги за третман на пациентот за една одредена дијагноза. Тие цени се поставени многу одамна и така функционира целиот здравствен систем за секоја дијагностичка група. Тестовите за коронавирус во Институтот за јавно здравје се бесплатни. Никој досега не платил за правење ваков тест“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.