ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче тврди дека обезбедил лекови за починатиот пациент, но тој не дошол да ја прими терапијата

Министерството за здравство, преку Здружението „Момент плус“, беше информирано за состојбата на пациентот, кој на наше големо жалење, пред неколку денови почина од пулмонална хипертензија, наведуваат во соопштението од министерството, тврејќи дека министерот Филипче обезбедил лекови.

„Иако за пациентот, министерот Венко Филипче, обезбеди лекови, за жал поради неговата предходно влошена здравствена состојба, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал. Напоменуваме дека пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаме за ретка болест, и за оваа болест министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување, туку таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања“, пишува во соопштението.

Во моментов, наведуваат оттаму, во Македонија има шест пациенти со ваква ретка болест и  за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни.

„За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа. Но, како што веќе граѓаните се информирани, измените на позитивната листа на лекови се во тек и се во Собраниска процедура“, наведуваат од Министерството.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.