Филипче: Родителите имаат право да го проверат производителот на вакцината
Родителите имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да го вакцинираат детето, смета Венко Филипче, министер за здравство.
Во Скопје е прогласена епидемија на морбили и Филиче апелира сите родители да ги вакцинираат своите деца.
МРП вакцината е произведена во ЕУ и има 2 сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Се користи во земјата каде е произведена (Белгија), но и во 6 други европски земји. Родителите имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да го вакцинираат детето. Вакцините се произведуваат во опкружување и процес кој подлежи под многу контроли. Апелирам сите родители да ги вакцинираат своите деца, за да може да ја спречиме епидемијата од морбили (мали сипаници)!, изјави Филипче.
Вчера по апелот, до 19 часот беа вакцинирани 488 деца.