ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче: Регистрирани се нови 10 случаи на заразени со коронавирус – еден пациент почина, а 5 се оздравени

Денеска се регистрирани 5 оздравени пациенти во Скопје и во Неготино. Потврдени се 10 нови случчаи. На Клиниката за инфективни болести, за жал, имаме еден починат од Делчево на 60-годишна возраст со други придружни малигни болести, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

В„купната бројка од почетокот 1674, оздравени 1205, починати 92 и активни пациенти 977.

На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 примени се тројца нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 41 пациент.

Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања. Ги отфрлам шепкулациите дека има некоја причина и тенденциозно се намалува бројката на тестови. Се намалува бидејќи нема доволен број на пациенти со симптоми.

Од утре започнува скринингот на одредени критични категории, од утре ќе почнеме со вработените во градинка, тие се на број близу 2000.

Во однос на епидемијата, најпрво сакам да изразам задоволство што бројот на оздравени пациенти секојдневно расте. Оздравени се вкупно 1205 односно 72 проценти од сите дијагностицирани. Се намалува бројот на смртни случаи. Два дена во континуитет немавме смртни случаи.

Имаме број на активни случаи 377, 22 проценти од вкупниот број.

Расте бројот на оздравени здравствени работници. 217 се оздравени близу 90 проценти и со тоа се враќаат во нормално функционирање на сите установи. Расте бројот на општини кои немаат активни случаи, досега се вкупно 10.

Ние и вчера и денеска имавме состнакот со Комисијата за заразни болести и врз основа на анализита на состојбата, Комисијата донесе предлог план за намалување на рестриктивните мерки којшто ќе се одвива во неколку фази.

Намалувањето на мерките е согласно повеќе критериуми, кои ги зема и СЗО. Три од тие критериуми се клучни: Дали епидемијата е ставена под контрола, дали здравствениот систем може да се справи со повторно појавување на голем број случаи и дали системот за надзор може да ги отиркие и да управува со случаите и нивните контакти. Основата индикација дали епидемијата е под контрола, кај нас подолг временски период е околу 0,6 до 0,9 што значи дека еден пациент заразува најмногу еден пациент.

Во врска со вториот параметар, ние подолг временски период имаме капацитети во болниците коишто се слободни. Вкупната искористеност на креветите во ниеден момент не беше исполнет.

И третиот последен параметар, капацитетот за надзор, откривањето на случаите во нашиот случај покажува дека над 80 проценти од случаите имаат епидемиолошка поврзаност, што значи дека сите овие критериуми се исполнети, состојбата во земјата е оценета за стабилна и согласно тоа СЗО ќе го достави до Владата предлогот за намалување на рестриктивните мерки.

После следењето на епидемиолошката состојба овие сите економски оператори следната недела во предвид е да се препорача отворање на угостителските објекти со послужување и повторно после епидемиолошката анализа, следната недела после таа, игрите на среќа, казината, теретаните и фитнес клубовите ќе бидат отворени. 

Постепено го враќаме животот во нормала, работните процеси, стопанството, со одредени протоколи за функционирање, почитување на мерките за заштита, задолжителното носење на маска.

Комисијата за заразни болести согласно досегашните трендови на ширење на вирусот подготви научно издржани претпоставки како може да се развива состојбата со вирусот. Анализите се врз основа на научни сознанија и земени се сериозни анализи за развојот на болеста во регионот, европските земји и светот.

Согласно нашите тррендови во периодот којшто претстои се очекува стабилизација на вирусот, но свесни сме дека целосно исчезнување на вирусот тешко е да се очекува. Држењето на заболените под контрола капациетот на болниците и почитување на мерките се индикатори кои е важно да се следат.

Ние во следните 2 месеци очекуваме намалување на ширење на вирусот.

Почитувани граѓани сакам да ве уверам дека може да бидете спокојни дека сите досегашни мерки ги носевме врз основа на стручни медицински анализи коишто дадоа резултат. Мерките на воведување на рестрикции се темелеа на научни сознанија и овие мерки на олабавување се темелат на истите анализи и студии. Почитувањето на трите клучни препораки е исклучително важно за да ја држиме ситуацијата под контрола. Апелирам секогаш да се почитува препорачаната дистанца, да се носи заштитна опрема и да се прави дезинфекција на рацете.

Деновиве се забележува дека голем број ги почитуваат мерките, но за жал има и такви коишто мерките не ги почитуваат, апелирам да се почитуваат мерките бидејќи вирусот не штеди никого“, кажа Филипче.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.