ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ФИЛИПЧЕ: НЕ ПЛАНИРАМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ПОРАДИ ИНДИСКИОТ СОЈ

Несе планираат дополнителни рестриктивни мерки заради индискиот-делта сој на коронавирус. Кај двајцата заболени кои се вратија од Ирак нема ризик да ја пренесат болеста, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека се следи состојбата и кај нас, но и во другите земји. 

Тој потенцира дека се уште нема доволно податоци каков е ризикот од индискиот сој- дали лицата кои се вакцинирани можат да заболат, но се знае дека вакцината штити од тешки форми на болеста и смрт. 

Професорот, микробиологот Никола Пановски велуи дека искуствата се исклучиво со вакцините на Фајзер и Астра Зенека, но нема искуства колку може да штитат кинеските и руската на Спутник, кои се даваат кај нас. 

„Нема искуства со други вакцини, освен со Фајзер и Астра Зенека од кои податоците се дека една доза штити 30%, а заштитата од две дози е 88%. Во 92% вакцините штитат од хоспитализација, што значи само 6-7 % може да завршат во болница. Нема искуство со вакцините што се даваат кај нас, но може да излезе дека се и подобри бидејќи ги содржат сите агенси од вирусот“, изјави за ТВ24, професорот Пановски. 

Тој вели дека не само вакцинираните, не треба да се заборават и луѓето кои веќе прележале и стекнале имунитет по природен пат, а такви се можеби 60 % и потенцира- најважно од се е граѓаните да се вакцинирани со две дози. 

Инаку, мерките ги олабавија сите земји во Европа, со исклучок на Британија каде се одложени заради ширење на индискиот сој и во Португалија каде се засилени. Делта сојот е за 60% попренослив од обичниот коронавирус, а 90% од заразените во Британија се со овој сој.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.