Филипче: Нашата цел е да го решиме статусот на младите лекари со трајно вработување
Оваа Влада отвори можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство и таквата политика ќе продолжи. Нашата цел е да го решиме статусот на младите лекари со трајно вработување, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче се сретна со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во КОВИД-центрите во Клиничкиот центар. На состанокот се разговараше за регулирањето на нивниот статус, како и за условите во кои работат.
– Инвестирањето во младите е најважно, зашто тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на младите лекари со трајно вработување, истакна Филипче.
Како што соопшти Министерството за здравство, разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.