ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче: Лицата поврзани со докторката од Клиниката за кожни болести ќе бидат тестирани следните денови

Со оглед на тоа што излегоа повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, ние ја обезбедивме целата потребна терапија за навистина голема бројка пациенти со коронавирус во нашата земја, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тоа е комбинацијата на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на пациентите со коронавирус.

– Процедурата е таква што протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што се направи изутрината и денеска и веќе утре треба да се заврши формално правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде тоа е индицирано. Станува збор за терапија за која ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји, рече Филипче.

Посочи дека на Клиниката за инфективни болести денеска се прават шест контролни тестирања на пациенти кои веќе се хоспитализирани од кои тројца се во потешка состојба, еден е во средно тешка и двајца пациенти се со лесна клиничка слика. 

На новинарско прашање дали временски услови ќе бидат олеснителна или отежнувачка околност министерот рече дека ќе е олеснителна во смисла на тоа дека луѓето ќе излегуваат помалку, а снегот ќе ги исчисти површините.

Што се однесува до сите лица кои се во изолација поради поврзаноста со докторката од Клиниката за кожни болести, Филипче рече дека сите ќе бидат тестирани, бидејќи им истекол 14-дневниот карантин.

„На сите лица од Клиниката за кожни болести веќе им се истечени 14 дена, веќе се прави план да се тестираат со цел да се вратат на работното место.

Ќе бидат тестирани во следните денови. Не може сите да се завршат во еден ден, после што ќе ги соопштиме резултатите“, кажа Филипче.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.