Филипче: Во Македонија нема мутација на ковид како во Британија
Во Македонија нема мутација на коронавирусот која што беше регистрирана во Велика Британија.
Резултатите на анализата на лабораторијата во МАНУ покажала дека во земјава циркулира истиот вирус кој е присутен изминатите месеци, но тоа не е доволно за дополнително олеснување на мерките, рече министерот за здравство Венко Филипче.
-Излегоа резултатите на МАНУ , истиот вирус циркулира изминатите месеци но тоа не е причина за олабавување на мерките, истите остануваат на сила, вели – Венко Филипче, министер за здравство.
Македонија сеуште има бирократски бариери за влез на вакцината на компанијата Фајзер од Србија, но министерот е уверен дека тие можат да бидат надминати веќе следната недела.. Понудата на српската премиерка Брнабиќ медицинските лица да ја примат вакцина кај нив, Филипче ја одби.
Сметам дека ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунузација. Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие вакцини во нашата земја.
И покрај фаталните последици кои што ги предизвика глобалната пандемија и вакцината која е единственото сигурно оржје во борба против новиот вирус, најновото истражување на Меѓународната асоцијација Галуп Интернационал покажува дека дури половина од нашите сограѓани нема да се вакцинираат дури и ако има вакцина против ковид-19 која е јавно достапна, безбедна и ефикасна.
На прашањето дали владата се справува добро со коронавирусот, 54% отсто од испитаниците одговориле негативно, наспроти 44% од испитаниците кои имаат позитивен став.