ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче: Ако има можност директорот Зибери ќе биде сменет уште денеска

Изјавата на директорот Арбен Зибери не е точна и ако има правни услови тој денеска ќе биде сменет, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција, во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје, кој кажа дека лично издејствувал отворање на границите без потреба од Пи-Си-Ар тест и карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да гласаат на изборите.

„Ја прочитав изјавата, прво да кажам дека е апсолутно невистина, директорот Зибери не е член на Комисијата, ова сметам дека е предизборна реторика и тоа евтина и лоша и ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче, додавајќи дека Комисијата постојано работи единствено врз основа на медицинските индикатори.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.