ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипов за најавените царини на Трамп кон ЕУ: Земјава треба да ги задржи двете клучни патеки – интеграцијата кон ЕУ и стратешкото партнерство со САД

Без оглед на најавените царини од страна на новиот претседател на САД Доналд Трамп за Европската унија, за земјава е важно да ги задржи двете клучни патеки – евроинтегративниот пат кон ЕУ и стратешкото партнерство со САД, истакна амбасадорот Ѓорѓи Филипов во изјава за медиумите пред отворањето на работилницата “Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан”.

Според амбасадорот Филипов, земјава е мала и треба да ги следи своите интереси, а тоа е следење на двете линии – јасната определба за приклучување кон ЕУ, и задржување на статешкото партнерство со САД.

-Ние сме толку мали што можеме да си ја гледаме нашата работа односно да си го задржиме стратешкото партнерство со САД, имаме договор и треба да се придржуваме. Исто така, имаме јасна определба за приклучување кон ЕУ. Тоа на нас не треба да влијае многу. Значи ниту една американска влада не го поништи тој Договор. ЕУ останува на убедувањата, тоа ќе видиме како ќе заврши со нашите предлози што ги дава новата влада. Нас тоа не би требало да не загрижува. Ние ќе ги следиме тие два пата. Географски сме во Европа и мораме да бидеме со Европа и економски сме поврзани со Европа. Од друга САД е стратешки партнер, што значи НАТО, поврзани сме со НАТО. Тоа нема да влијае тоа на нас, туку ќе си ги гледаме нашите работи и не заземаме специјално страна- вели амбасадорот Филипов, кој е претседател на Советот на Амбасадори на Македонија.

Прашан во однос на најавените политики од страна на Трамп, Филипов потсетува дека Трамп, како и во минатиот негов мандат, исто така почна многу остро, па се смири ситуацијата на крај, а очекува така да биде и сега.

-Гледате дека најсилните бизнисмени, да ги наречам претприемачи на САД беа околу него. И тие имаат свои гледишта. Може и Европа да воведе царини, може Европа да забрани Фејсбук или „Х“ ако треба, така што нема никаква смисла САД да „војува“ со Европа бидејќи гледам дека сака да војува со Кина и со Русија и со сите, сепак премногу ќе биде. Европа и САД, мислам дека ќе останат сојузници- подвлекува Филипов кој беше амбасадор во Германија и во Австрија.Амбасадорот Халили, прашан за најавените американски царини за ЕУ и како ние ќе постапуваме со оглед дека имаме стопроцентна усогласеност со надворешната политика на Унијата, а САД се наши стратешки партнери, уверува дека односот САД – ЕУ не не засега нас, бидејќи ние не сме членка на Унијата.

-Ние не сме полноправна членка на ЕУ, и односот САД – ЕУ не се однесува за нашата земја, особено што нашите партнери и Американците се свесни дека нашата економија не може да ги издржи овие работи. Тоа е вистината дека ние не сме членка, ние сме кандидат. Тоа што ЕУ секогаш на разни настани ја поканува и нашата земја, тоа е друга работа. Тоа се односи меѓу Република Македонија и ЕУ- вели Халили кој беше македонски амбасадор во Белгија.

За посетата на премиерот Христијан Мицкоски на САД и присуството на инаугурацијата на Трамп, Халили очекува по враќањето во земјава, за нивната агенда да брифираат од Владата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.