Уште едно обвинување за партиско вработување
Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска обвини дека пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска си го вработија својот брат во РЕК Битола.
Од Рек Битола велат дека лицето кое дел од медиумите го доведуваат во врска со Мира Стојчевска, пратеник во Собранието на Република Македонија работи во РЕК Битола од 11.02.2019 година, преку Агенција за привремени вработувања. Ангажиран е на работно место бравар – кранист, со времетраење на договор за вработување до 27.04.2019 година, стои во соопштението до медиумите.
Ден претходно имаше обвинувања и за вработувањето на нејзиниот син во ЕЛЕМ.
Од Државни електрани на Македонија рекоа дека е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби”, се вели во соопштението.