Уште една европска држава со рекорден број на заразени
Европските земји уриваат рекорди по бројот на новозаразени лица од коронавирус. Денеска нов рекорд забележа Австрија.
Во последните 24 часа во оваа земја се забележани 3.394 новозаразени од Ковид-19.
Најголем број забележани се во областа т.н. Горна Австрија 901. Следуваат Виена со 793 случаи, Тирол со 520.
Во минатите 24 часа во оваа земја се регистрирани и 22 смртни случаи, со што вкупниот број на починати стигна до 1.027.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: