ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Уште два дена можност за собирање потписи за претседателските кандидати

Претседателските кандидати имаат уште два дена на располагање за прибирање на потребните потписи. Засега сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова потребните граѓански потписи ги собра за само еден ден.

Потписи за да учествува на претседателските избори собра и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и Движењето Беса, а како што најави шефот на изборниот штаб на СДСМ за претстојните претседателски избори, Александар Кирацовски вчера најави дека нивниот кандидат Стево Пендаровски ќе собира потписи и од граѓаните иако веќе има поддршка од 60 пратеници.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.