Учебната година најверојатно ќе стартува на 1. октомври“, рече Заев
Мандатарот Зоран Заев денеска во Собранието го достави предлогот за новата Влада. Идниот премиер коментираше во врска со стартот на учебната година, потенцирајќи дека ќе има законски измени, и тие ќе бидат разгледани на првата седница на Владата.„Уште на првата седница на владата ќе разговараме за учебната година. Сигурно е дека таа нема да почне на 1. септември. Најверојатно ќе почне на 1. октомври. Периодот од 15 септември до 1. октомври ќе биде искористен за подготовка на учебната година“, рече Заев.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: