ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Утрово продолжија преговорите за именувањето на највисоките функционери во ЕУ

Во Брисел утрово продолжија преговорите за именување на лидерите на европските институции, откако синоќа не беше постигнат договор на работната вечера која беше прекината поради дополнителни консултации.

„Ројтерс“ наведе, повикувајќи дека на двајца неименувани дипломати, дека лидерите на ЕУ се блиску до одлука за го именуваат холандскиот социјалдемократ Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија.

Најсилен канидат за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност е белгискиот премиер Шарл Мишел, велат изворите за „Ројтерс“.

Од друга страна, Би-би-си наведе дека лидерите на ЕУ и понатаму се поделени околу тоа кој би требало да ги заземе челните позиции на Унијата.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, разговараше поединечно со сите лидери на земјите членки и потоа го повика на заеднички работен појадок, утрово во 8 часот.

ЕУ избира претседатели на Европската комисија и Европскиот совет, шеф на европската дипломатија и претседател на Европската централна банка.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.