ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Утре нова средба за Законот за ЈО

Забелешките за предлог законот за јавно обвинителство една по една ќе се „чешлаат“ на средба на работните групи на власта и опозицијата закажана за утре. Двете страни оставаат простор за компромис и договор откако експертите ги кажаа своите ставови за законот и посочија на неговите слабости.

Од ВМРО ДПМНЕ велат ќе  поддржат закон кој што ќе значи вистинска реформа на јавното обвинителство. Но, според Антонио Милошоски власта бара само начин како да направи козметички измени и да ги задржи државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска што подолго на позициите.

„Нивна главна цел е какви и козметички измени да се прифатат во текстот на законот, е што е можно подолго да се задржат на своите позиции Јовески и Вилма Русковска по промената на власта. Јовески и Русковска според закон се јавни обвинители, а според дејствувањето се адвокати на материјалните и политичките интереси на Заев, неговата фамилија, неговите најблиски политички соработници. Ние цениме дека таквата поставеност на власта не е во корист на самостојноста на обвинителството и на ефикасната имплементација на законот“, рече Милошоски.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев апелираше работните групи да ги интензивираат разговорите и да постигнат договор, за веќе следната да може предлог текстот да влезе во собраниска процедура.

„Верувам дека може да се донесе вакво решение. Драго ми е што стигна убав позитивен сигнал за одговорноста од независната пратеничка група, којашто ме охрабрува, тие не се безусловни, имаат свои услови и сакаат да го подобрат законот, верувам дека ќе вградат содветни решенијаво самиот закон кој што ќе биде навистина гледано и од очите на опозиционерите, но би бил најсреќен ако се донесе со консензус, изјави Заев, при учеството на панелот „Шанси,очекувања и предизвици за стопанството за 2020″, во организација на Делегацијата на германското стопанство во државава“, изјави Заев.

Изминатите два дена во Собранието универзитетски професори и експерти изнесоа низа забелешки на предлог Законот за јавно обвинителсто и побараа негова корекција особено во делот на постапката за избор на јавни обвинители, како и одредбата што се однесува на надлежностите околу постапките отворени од Специјалното јавно обвинителство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.