ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Утре напладне инаугурација на Пендаровски во присуство на странски гости и дипломатски кор

На утрешната седница во Собранието, на која новиот претседател Стево Пендаровски ќе даде свечена изјава со која ќе биде инаугуриран на функцијата, најавено е присуство на повеќе државници од регионот, на дипломатскиот кор и гости од странство. Досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски, како што соопштија собраниските служби, пристигна од четворица лидери во регионот.

„На седницата на која претседателот на Република Сверна Македонија ќе даде свечена изјава ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот претседател Румен Радев, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи“. – велат од Собрание.

Грција ќе ја претставува шефот на дипломатијата, Јоргос Катругалос, а Црна Гора министерот за надворешни работи Срѓан Дамјановиќ.

„Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, – се вели од соопштението на грчкото МНР.

соопштуваат од грчкото МНР. Полска и Турција ќе ги претставуваат замениците министри за надворешни работи, Мациеј Ланг и Фарук Кајмакчи. Словенија ќе ја претставува висок претставник од кабинетот на претседателот Бориут Пахор. Покани за присуство на инаугурацијата македонското министерство за надворешни работи испрати до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ. По свечената собраниска седница.

Официјалното примопредавање на претседателската функција ќе биде во претседателската резиденција на Водно, каде што на кратка церемонија досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов, според најавите, треба да му ја предаде должноста на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, а на која веројатно ќе разменат и неколку реченици, особено откако Иванов ги враќаше Законите во Собранието на кои стоеше новото уставно име на земјава, а за кои пак Пендаровски рече дека веднаш штом стапи на функцијата ќе ги потпише. Тие потоа заеднички ќе се сретнат со членовите на Кабинетот на претседателот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.