Уставните измени утре на дневен ред во Собранието
Премиерот Димитар Ковачевски лично ќе ги образложува уставните измени во Комисијата за уставни прашања. Утре почнува собраниската процедура за отворање на Уставот, а Ковачевски ќе биде првиот говорник кој ќе има 30 минути да ја образложи потребата за внесување на Бугарите и останатите во највискиот акт на државата.
Постапката почнува без претходно обезбедено 2/3 мнозинство во Собранието и став против измените од страна на најголемата опозициска партија. Сепак, пратеничката група ќе учествува во комисиската расправа иако попладнево ги прави последните координаиции со лидерот Мицкоски.
Власта пак, на координација со спикерот Џафери кој ја раководи Комисијата за уставни прашања веќе го утврди сценариото за утрешниот ден, но и за пленарната седница која треба да почне на 18 август.
Имено, собраниски извори од мнозинството ја отвораат можноста дека по завршување на расправата на пленарна седница, Џафери да констатира дека во моментот нема услови за гласање во собраниската сала и да го одложи првото гласање за уставни измени на неопределено време. Ова, велат пратеници на власта ќе даде дополнителен период за убедување на нови народни избраници. Делумно сценариото вчера го потврди и шефот на државата Пендаровски кој најави дека првото гласање би било дури во септември.
Во првата фаза се расправа само по однос на Инцијативата за отворање на Уставот. Конкретните уставни амандмани, како и евентуланите амандмани на нив се во вторатата и третата фаза од измените.