ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Усвоен нацрт амандманот за промена на уставното име

По само ден ипол расправа, пратениците го усвоија првиот нацрт-амандман на Уставотот со кој се менува името на државата од Република Македонија во Република Северна Македонија. „За“ гласаа 64 пратеници, 23 народни избраници беа против. Воздржано како што најавија гласаа четвроица пратеници од независната група од ВМРО-ДПМНЕ.

Дебата главно ја водеа пратениците на опозициската партија. Оние на власта се јавуваа само за реплика, а се откажаа од правото на говор.

Силни рекации предизвика репликата на министерот Никола Димитров  за тоа дека сме нација со комплекс. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа извинување.

По гласањето за првиот нацрт-амандман, веднаш продолжи расправата по вториот нацрт-амандман. Тој се однесува на промените во преамбулата околу спомнувањето на АСНОМ и внесувањето на Рамковниот договор.

Дебата во парламентот по нацрт-амандманите почна вчера и според досегашната динамика ќе заврши за неколку дена. Третатa кончена фаза за промена на Уставот е најавена по Нова година.

До тогаш, на булеварот пред собранието, како што најавија од здруженето Македонија блокира, се планира да стојат и шаторите на оние они веќе со месеци протестираат против промената на името.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.