УСАИД прослави 30 години партнерство со Северна Македонија
Пред точно два месеци УСАИД ја започна кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерство во земјава. Вчерашниот настан во Скопје воедно беше и завршен од низата настани низ осум градови. Охрид беше првиот од 8-те градови кои ги посети патувачкиот карван “Инспирирај се за иднината” а по него следуваа Штип, Тетово, Кавадарци, Битола, Струмица и Куманово каде што беа презентирани активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претриемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД и јасно ги манифестираа резултатите од долгогодишните работа во партнерство со Северна Македонија, а со цел заеднички да создадеме средина во која секој ќе може да го оствари својот целосен потенцијал.
„Во изминативе три децении, нашиот однос со оваа земја еволуираше во стратешко партнерство и сојуз. Сега работиме заедно како рамноправни партнери – и пријатели – за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени. Сега повеќе се фокусираме на вашето лидерство и инвестирање во три клучни области: подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Последново – намалувањето на корупцијата – е важно затоа што корупцијата во која било форма го спречува економскиот, социјалниот, образовниот и структурниот успех на земјата што знаеме дека може и треба да продолжи да го постигнува. Иако чекорите по патот кон Европската унија, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство”, истакна Анџела Агелер, Амбасадорка на САД во нејзиното обраќање.