ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Унилатерални изјави за прашањето на јазикот

1945-та е кодифициран Македонскиот јазик. Оваа реченица би требало да биде ставена во унилатералната изјава што Македонија би ја дала во процесот на откочување на интеграцијата во ЕУ. Ова го објаснува министерот Бујар Османи од Форумот во Охрид. Унилатерална изјава би дала и Бугарија, но со содржина која соодветствува на нејзиниот став. Овој предлог го смета за креативно решение кое покажува сенс за обете страни.

Министерот Бојан Маричиќ не верува дека тука се крие некаква замка. Вели дека ние говориме за факти, а не за интерпретации.

Португалскиот предлог е и натаму „на маса“, велат од Владата. Ќе продолжи неговото разгледување и за време на словенечкото претседавање со Унијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.