Унгарија ке одлучи дали ќе го испорача Груевски после добиените докази

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, државата ќе го бара со екстрадиција од Будимпешта за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.
Министерката за правда, Рената Дескоска, на настан организиран за функционирањето на АКМИС системот, рече дека досието е комплетирано и ќе биде испратено до унгарските власти.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска неодамна кажа дека Интерпол одбил да распише меѓународна потерница по азилантот Груевски. Дескоска појасни дека барањето за екстрадиција што таа ќе го праќа нема врска со потерницата, бидејќи министерствата за правда бараат да бидат екстрадирани и лица за кои не е распишана потерница од Интерпол.
Од Интерпол уште ја немаат објавено меѓународната потерница за Груевски за 27 април. Од Правда и претходно бараа Груевски да биде депортиран во Македонија, поради тоа што е осуден за случајот „Тенк“, сепак од страна на унгарските власти беше одбиено ова барање, со образложение дека поранешниот премиер имал добиено азил во нивната земја.