Украинските напади со дронови со долг долет ја тестираат руската противвоздушна одбрана
Дрон погодил аеродром во рускиот Курски регион кој граничи со Украина, запалувајќи скалдиште на нафта, соопштија регионалните власти во вторникот.
„Жртви нема. Пожарот е локализиран. Сите итни служби работат на местото на настанот“, извести гувернерот Роман Старовојт преку апликацијата Telegram и додаде дека е одржан состанок на „антитерористичкиот комитет“ но не наведува чија е договорноста за инцидентот.
Пожарникарските единици ги гаснат пожарот кој зафатил на 500 квадратни метри. Градот Курск е оддалечен околу 100 километри од украинската граница.
Русија претходно ја обвини Украина за изведување на напади со дронови на руска територија, вклучителнмо и нападот од понеделникот кога се погодени две воздухопловни бази на стотици километри од украинската граница. Но некои аналитичари предупредуваат дека таквите инциденти на Москва може да ѝ послужат како изговор за ексалација на воените дејствија на територијата на Украина.
Руското Министерство за одбрана објави дека нападите со дронови во понеделникот биле изведени со летала кои се движеле на многу мала височина, но дека пожарите на двата аеродрома биле предизвикани од парчиња од соборените дронови од страна на руските противоздушни системи а не од директни напади со дроновите. Потврди дека имало три жртви во двата напада, но оти материјалните штети врз леталата се незначителни и оцени дека станува збор за „неуспешен терористички обид да се онеспособат“ авионите со долг долет.
Притоа руската армија предупреди дека пред нападите на аеродромите во Саратоската и Рјазанската област од 5-ти декември биле применети дронови од советско производство, како и дека двете локации биле снимени на 3-ти и 4-ти декември од комерцијалните сателити на американската компанија Maxkar којa од почетокот на војната на Киев му обезбедува сателитски снимки во реално време за движењата на руските единици.
Западните аналитичари и медиуми, пак, наведуваат дека во Саратов станува збор за базата „Енгелс“ каде се сместени стратешките бомбардери и аеродромот во Рјазан, „само неколку часови возење од Москва“, што е „демонстрација на очигледно новата способност на продирање на стотици километри длабоко во рускиот воздушен простор“. Киев директно не ја презема одговорноста за тие напади, но ги славеше.
„Ако Русија процени дека инцидентите биле намерни напади, веројатно ќе ги смета за еден од стратешките најзначајни пропиусти на заштита на силите од почетокот на нејзината инвазија на Украина. Рускиот команден синџир веројатно ќе настојува да ги идентификува и наметне сериозни санкции за руските офицери одговорни за дозволувањето на таквиот инцидент“, објави во вторникот британското Министерство за одбрана кое од почетокот на укранската војна дава дневни извештаи кои повеќе се сметаат како водство на пропагандниот дел од Западното учество во овој конфликт.
Весникот The New York Times, повикувајќи се на неименуван висок украински функционер, наведува дека дроновите употребени во нападите во понеделникот биле лансирани од украинска територија, а дека барем еден од нападите наводно бил изведен со учество на специјалните сили во близина на база.
Украина никогаш не ја признава одговорноста за нападите на територијата на Русија, избегнувајќи да го предизвика гневот на Москва и евентуална нејзина брутална одмазда којашто ќе вклучува уште помасивни и неселективни напади врз украинските градови, што досегеа не беше случај.
Запрашан од западните медиуми за овие напади, украинскиот министер за одбрана Олексиј Ресников го повтори тоа што Киев редовно го велат: дека експлозиите во руските бази ги предизвикале невнимателни пушачи. „Многу ќесто Русите пушат на места каде што е забрането пушњето“, рекол.
Советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович оди натаму и тврди дека „Енгелс“ е единствената руска база којашто е целосно опремена за гигантските бомбардери кои Русија ги користи за нападите во Украина, но западни аналитичари сметаат дека тоа е малку веројатно.
„Тие ќе се обидат да ги рашират (стратешките бомбардери) на аеродрмите, но сето тоа ја комплицира операцијата против Украина. Вчера, благодарејќи на нивното неуспешно пушење, постигнавме многу голем резултат“, рече Арестович.
Украински коментатори на социјалните мрежи објавија дека, ако Украина може да извед удар толку длабоко на територијата на Русија, можеби би можела да ја погоди и Москва.
„Спосотнбоста на вооружените сили на Украина да достигне воени цели длабоко на територијата на Руската Федерација има многуи симболично и важно значње“, објави на веб-страницата ЕспресоТВ украинскиот воен аналитичар Серхиј Згурец.
Големите омбардери со дол долет „Туполев“ од кои некои биле распоредени во воздухопловната база Енгелс“ се главни дел од рускиот стратешки нуклеарен арсенал, аналигни на американските „B-52“ распоредени во текот на Студената војна. Западните извори тврдат дека Русија од октомври ги користи за уништување на украинската енергетска мрежа во брановите од изминатите седмици ракетни напади. Базата „Енгелс“, во близина на градот Саратов, е оддалечена од најблиската украинска територија.