ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Украина и испрати на германската влада официјално барање за испорака на крстосувачки ракети

Украина и испрати на германската влада официјално барање за испорака на крстаречки ракети воздух-земја Таурус со дострел од најмалку 500 километри, соопшти во саботата германското Министерство за одбрана за АФП.Сега останува да се види дали Берлин ќе го одобри барањето или не, што најверојатно ќе предизвика жестока внатрешна дебата.

Германската влада значително го зголеми снабдувањето со оружје за Киев во последните месеци, но досега беше воздржана во врска со обезбедувањето крстосувачки ракети или поддршка за украинските воздухопловни сили, како што е помошта за испорака на ловци Ф-16.

Таурус е крстосувачка ракета воздух-земја што ја носат ловци и развиена од истоимената германско-шведска компанија. Поради својот дострел, би можел да погоди цели далеку зад сегашната линија на фронтот во источна Украина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.