ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Украина- Зеленски вети укинување на пратеничкиот имунитет

Ukrainian comic actor, showman and presidential candidate Volodymyr Zelensky takes part in the shooting of the television series "Servant of the People" where he plays the role of the President of Ukraine, in Kiev on March 6, 2019. - Anger with the political elite is partly behind the rise of Volodymyr Zelensky, a TV actor with no political experience who is the frontrunner in the upcoming presidential vote. Zelensky is polling at 25 percent, ahead of Poroshenko on 17 percent and former prime minister Yulia Tymoshenko on 16 percent as of March 4, 2019. (Photo by Sergei SUPINSKY / AFP) (Photo credit should read SERGEI SUPINSKY/AFP/Getty Images)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по гласањето на предвремените парламентарни избори што се одржуваат во земјата рече дека смета оти една од првите задачи на новиот парламентарен состав треба да биде укинувањето на законот со кој на пратениците им се гарантира имунитет во идни постапки на обвинителството.

Овие избори Зеленски ги распиша само два месеца откако ја презема функцијата претседател и на нив се гледа како барометар за неговата популарност. Актуелниот украински претседател се одлучи на ваков чекор поради тоа што во сегашниот парламентарен состав доминираат неговите политички опоненти со што се намалуваат можности за спроведување на реформите кои ги планира.

Зеленски победи на претседателските избори по години лоша економија, висока корупција и војна со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека поранешниот комичар Зеленски кој глумеше претседател во популарна телевизиска серија, ја задржал поддршкаата.

Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 20 часот вечерва. Првичните официјални резултати се очекуваат утре наутро

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.