ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Укинат еден, донесен нов притвор за Мијалков

Дополнителни информации дека ќе влијание врз сведоци го натераа СЈО да бара нов притвор за екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Вака специјалната обвинителка Катица Јанева во телефонски разговор за Телма објаснува зошто барале укинување на притворот за Таргет Тврдина и предложиле нов за Империја. Таа негира дека стравот од тоа дека апелација ќе го укине притворот за првиот предмет го натерале СЈО да бара за истрагата.

  • Околностите за кои треба да биде побаран притвор се проширија и тоа во рамки на истрагата за Империја. Во неа имаше околности дека ќе влијае врз сведоци а во Таргет – Тврдина  беше само опасност од бегство. Сега опасноста од бегство останува, но новите околности не натераа да бараме укинување на притворот за Таргет – Тврдина и одредување на нов за Империја. Не се сомневавме дека по жалба, Апелациониот суд ќе му ја укине мерката со која тој веќе е во притвор, изјави за Телма, специјалната обвинителка Катица Јанева. 

Вчера попладне Мијалков од Шутка беше донесен во судот по барање на СЈО. Специјалната обвинителка Лиле Стефанова прво барала да се укине 30 дневниот притвор за Таргет Тврдина, па судијката која го води предметот  и му го одреди притворот, Џенета Бектович сега веднаш го укинала. По ова некое време Мијалков всушност бил без мерка притвор  но во судот го чуваа специјалци. Веднаш по ова истата обвинителка Стефанова поднела барање за нов притвор сега за истрагата Империја. Судијката на претходна постапка, Весна Димишкова после 4 часовен распит на Мијалков ја донела одлуката. Нови 30 дена притвор за екс директорот. Инаку Империја е истрага која е отворена од пред еден месец и во која се осомничени 13 тмина, а од тогаш 5 мина се во притвор меѓу кои и бизнис партнерот на Мијалков, Орце Камчев. Тогаш за екс началникот СЈо не бараше притвор, а тој дури на 20 ти ноември заврши зад решетки, но за Таргет Тврдина. Во решението кое го потпиша Бектовиќ беа споменати две сметки една на правно и една на физичко лице со вкупно 11 и пол милиони евра, кои не се на Мијалков, но се на луѓе поврзани со него. Во исто време и обвинителството за организиаран криминал блокираше сметки на едно правно и едно физичко лице со 11 милиони евра. Сега Јанева не одговара дали всушност тие се парите и сметките поврзани со Мијалков за кои можно е и ОЈО и СЈО да водат паралелни истраги. Кусо одговара дека истрагата ќе одговори на овие прашања.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.