ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Угостителите најавуваат откази и затворање на објектите

Сопствениците на угостителските објекти стравуваат дека со новата одлука за скратување на работното време до 21 часот ќе бидат принудени целосно да ги затворат објектите.Одлуката велат ќе биде сериозен удар врз бизнисните но и врз самиот туризам, кој и онака е во огромен минус поради ситуацијата со Ковид 19 .

„Немаме средства, ги намаливме платите за околу 50%.Неможеме да исплаќаме, а почнавме веќе и да отпуштаме. Не сме веќе ликвидни, не знаеме како да ги платиме парите кон добавувачите и кон институциите на системот. Мислам дека едно 60% од угостителските објекти во Охрид и Струга ќе ги затворат своите капацитети скроз“, вели Томче Тримче -сопственик на угостителски објект  во Охрид.

„Мислам дека овие одлуки кои се донесени во текот на вчерашниот ден се избрзани. Тука се луѓето најзаштитени“, вели Антонио Наумоски-угостител.

Реагираат и од здружението на угостители од Охрид.

„Ние како сектор сме дури и уплашени дека тука ова нема ни да застане. Сметаме дека најверојатно следните чекори ќе бидат и уште поригорозни мерки, во смисла на работењето, ако не и целосно затворање на објектите. За нашата фела ова е навистина погубно“, рече  Михаил Мишев-претседател на здружение на угостители на Охрид.

Угостителите реагираат дека за мерките дознаваат од медиумите и дека тие воопшто не се консултирани и прашуваат зошто ваква одлука не е донесена и за казината и за кладилниците.

Прашуваат зошто ваквата одлука не важи за казината и кладилниците, туку само за нив. Угостителите очекуваат помеѓу 500 и 1000 лица вработени во угостителскиот сектор да останат без работа, а дополните штети очекуваат да претрпат и дејности кои се поврзани со нив, како што се добавувачите. Велат дека за мерките дознаваат од медиумите и сметаат дека како угостители во најголемите туристички центри во државата треба да бидат консултирани за сите одлуки поврзани со нивната работа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.