ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Убиен уште еден член на кланот Дуќанџик овој пат во Ханиоти

ден македонски државјанин е убиен, а негов пријател тешко е повреден ноќеска во грчкото одморалиште Сани Вилас во Ханиоти. Медиумите во Грција објавија дека 39 годишниот Орхан Бајрами викан Оки им подлегнал на повредите, а 45 годишниот Сеад Слезовиќ се бори за живот, откако две маскирани лица кои дошле со мотор околу 3.30 минути влегле во апартманот каде биле сместени и кон нив испукале 20-тина куршуми. Според очевидци на кои се повикуваат медиумите инцидентот во полиција го пријавило анонимно лице, но нема потврда дали тој бил заедно со македонските државјани.

Од македонското МНР информираат дека веднаш по информациите за убиството Амбасадата во Атина стапила во контакт со полицијата во Солун.

-Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, соопштија од МНР.

Според пишувањата на грчките медиуми двајцата македонски државјани денеска напладне требало да го напуштат изнајмениот апартман во кој еден ден престој чини 600 евра. Неофицијално се криеле на полуостровот зошто им била најавена ликвидација. Во написите за убиениот стои дека бил бизнисмен и сопственик на казино.

Инаку во Македонија името на Орхан Бајрами се поврзува со групата од поднемјето “Дуќанџик” и бил близок пријател на неодамна убиениот Јетон Кривањева – Жила во Шиша бар во старата скопска чаршија, а се споменува и со пукањето во Александар Палас.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.