ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Уапсени уште двајца под сомнение дека помогнале да се премести телото на Данка Илиќ – од депонија на непозната локација

Српската полиција уапси уште две лица под сомнение дека му помогнале на првоосомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ да го премести телото на девојчето – од депонијата во околината на Бањско Поље до засега непозната локација на територијата на градот Бор.

Неофицијално, станува збор за татко и брат на еден од осомничените за убиството – Р. Д. (73) и Д. Д. (40).

Ним им е одреден притвор од 48 часа и тие со кривична пријава ќе бидат изнесени пред Вишото јавно обвинителство.

„Н1“ објави дека ќе бидат сослушани и други членови на семејството.

Од синоќа во триесетдневен притвор се и двајцата осомничени за убиството.

Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство. Осомничени се дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа се договориле да го фрлат нејзиното тело.

Од Обвинителството соопштија дека Д.Д. во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.