Турција ја почна имунизацијата со вакцината на кинеската компанија „Синовак“
Турските здравствени власти денеска ја почнаа вакцинацијата против ковид-19. Вакцината што се користи е „корона вак“, развиена од кинеската компанија „Синовак“, за која турската Агенција за лекови вчера и официјално издаде дозвола за употреба.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа и членовите на научното советодавно тело беа меѓу првите кои јавно, пред камери, ја примија вакцината.
Први, според планот за имунизација, се здравствените работници ширум земјата, а следната група што ќе ја прими вакцината се лицата постари од 65 години.
Турција минатиот месец набави три милиони вакцини од „Синовак“, а треба да добие вкупно 50 милиони дози вакцини.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: