ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Турција со остра закана: Нема да бараме дозвола од Американците – тргнуваме во воена офанзива!

Турските власти порачаа дека наскоро турската армија ќе тргне во офанзива против сириските Курди, безразлика дали американската армија ќе се повлече од северот на Сирија или не.

Одлуката на Доналд Трамп да ја повлече американската армија од северот на Сирија му дојде како порачана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој веќе подолго време заговара воена агресија на северот на Сирија против курдските борци кои што се формирани од тамошното население за борба против Исламската држава.

Со оглед на тоа што Американците им беа сојузници на Курдите во изминатите години, Турција немаше одврзани раце за директна пресметка со “YPG” на северот на Сирија, а против таквата агресија остро се противат и сириските власти кои што тврдат дека никој нема право да го нарушува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

Деновиве, турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу порача дека Турција е подготвена за офанзива на северот на Сирија дури и ако американската армија не се повлече, а посебно ако Американците го одолговлекуваат повлекувањето.

„Ако повлекувањето биде одолговлекувано со смешни изговори, како што е тврдењето дека Турција ги масакрира Курдите, што нема никаква врска со реалноста, ние ќе ја имплементираме нашата одлука“, изјави шефот на турската дипломатија.

Исто така, Чавушоглу порача дека турската операција против курдските борци на “YPG” на североистокот на Сирија не зависи од тоа дали американските сили ќе се повлечат од таа територија, или не.

Неговата изјава доаѓа непосредно откако американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон порача дека Турција не смее да ги напаѓа силите со кои што САД во Сирија соработуваше досега, а тоа посебно се однесува на курдските борци – можеби и најжестоките и најискрени противници на Исламската држава.

Турскиот министер за надворешни работи пак, тврди дека ваквите коментари на Болтон не ја плашат Анкара.

„Ние сме тие кои ќе одлучат кога ќе тргнеме и ние нема да бараме одобрување од никого“, порача Чавушоглу.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.