Турција е подготвена за војна? Ердоган испрати јасна порака
Операцијата на турската армија во северна Сирија и Ирак е „само почеток“, Анкара е решена да ги брани своите граници, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Нашите операции што започнаа се само почеток на мерките за обезбедување на безбедноста на нашите граници“, рече тој на состанокот на владејачката партија.
Според Ердоган, Турција има право „да се грижи за себе“.
„Стана јасно дека оние кои рекоа дека нема да има закана за нашата земја од регионите на Сирија под нивна контрола не можат да ги одржат своите ветувања. Ние останавме верни на нашите зборови за границите на Сирија, но доколку нашите противници не можат да ги исполнат нивните ветувања, тогаш имаме право да се грижиме за себе“, додаде турскиот лидер.
Во неделата, Турција изврши воздушна операција против сириското крило на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во северна Сирија, а беа пријавени и ракетни напади врз цели во северен Ирак.
Според Анкара, провинциите Хатај, Шанлиурфа и Ширнак, кои се граничат со Сирија, претрпеле 764 ракетни и минофрлачки напади. Во нападите загинаа 32 лица, а 261 беа повредени.
Ердоган го нарече бомбардирањето успешно и не ја исклучи можноста за копнена операција. Министерот за одбрана Хулуси Акар подоцна појасни дека за два дена биле убиени 184 милитанти.
Турскиот лидер претходниот ден истакна дека за нападите не разговарал ниту со рускиот ниту со американскиот претседател.
„И Бајден и Путин знаат дека можеме да преземеме такви операции во овој регион во секое време“, рече тој.
Во овој контекст, во вторникот во Астана започна 19. рунда преговори за решавање на ситуацијата во Сирија, каде од 2011 година продолжува внатрешниот вооружен конфликт. Турција, заедно со Русија и Иран, дејствуваат како гаранти на процесот.