ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Турција бара македонските институции да преземат мерки против Фето

урција бара институциите на Северна Македонија деновиве да презат конкретни мерки против лица поврзани со организацијата Фето, која турските власти ја прогласија за терористичка. Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, по средбата со министерската за одбрана Шекеринска предупреди дека постоењето на таа организација во земјава им штети на билатералните односи.

„Имаме нови моменти со кои се соочуваме и се надевам дека во наредниот период ќе се преземат конкретни мерки за и двете земји да се одлобадт од оваа терористичка организација, бидејќи таа им штети и на односите меѓу двете земји. На некој начин го саботира и нашето пријателство и братските односи кои што ги имаме. Имаме имиња на некои од главните лица поврзани со оваа организација, кои се споделени меѓу институциите на двете земји. Јас сум длабоко убеден дека во наредните денови, институциите на Северна Македонија ќе превземат мерки околу тоа“, изјави Хулуси Акар, министер за одбрана на Турција.

Шекеринска коментирајќи ја изјавата на турскиот колега, рече дека односите меѓу двете земји се одлични и ќе се бара решение на овој проблем и прашање кое е важно за Турција. За очекувањата на Анкара во наредните денови македонските власти да преземат акции против лица од организацијата Фето, Шекеринска рече не било разговарано за денови.

„Ние не дискутиравме за прашања на денови или на недели, ние дискутиравме генерално за прашањата кои ги сметаме важни за едната или за другата земја и така ќе продолжиме да дискутираме и понатаму“, изјави Шекеринска.

Сепак, земјава ја цени солидарност и поддршка што ја добила од Турција и, како што рече Шекеринска, подготвена е да ја возврати. Таа не очекува ваквото барање да ја загрози ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во  НАТО од страна на Турција, за што се уште не се знае кога ќе се случи.

„Знаете дека Турција се уште е во изборна процедура и заради тоа мислам дека овие прашања прерано е да се постават. На 5 февруари, токму во овој период, стапи на сила нашиот Договор за финансиска соработка меѓу Турција и нас и тоа покажува дополнителна подготвеноста да продолжиме да го градиме тоа стратешко пријателство и јас очекувам дека така ќе биде односот и кон ратификацијата“, рече Шекеринска.

Инаку сорабоката меѓу армиите на двете земји ја врзува мисијата на НАТО во Авганистан, каде македонските војници учествуваат во рамки на турскиот контингент, а на високите школи и воените институции во Турција досега се обучувале над 1.200 припадници од АРМ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.