Турското министерство: 277 терористи се убиени во Сирија
Турското министерство соопшти дека меѓу „неутрализираните терористи“ имало и припадници на Работничката партија на Курдистан и Единицата за народна заштита.
Министерството на Твитер соопшти дека „уште 49 терористи на ПКК/ПИД-ЈПГ се неутрализирани за време на ноќните операции во рамки на Операцијата Извор на мирот. Досега вкупно се неутрализирани 277 терористи откако Турција ја започна операцијата Извор на мирот во северна Сирија“.
Турција пред два дена ја започна кампањата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија за да ги неутрализира курдските сили за кои смета дека се поврзани со курдските бунтовници во Турција, велејќи дека таквиот потег е „неопходен за националната безбедност“.
Сириската агенција Сана ја осуди операцијата, нарекувајќи ја акт на агресија, пренесе Тас, додавајќи дека меѓународната заедница исто така ги осудила и постапките на Турција.
Според телевизијата Ал-Арабија, 17 цивили се убиени во турските воздушни напади во северна Сирија во последните 24 часа