Туристичкиот сектор бара поддршката да продолжи, Бектеши најавува дигитализација и промоција
Туристи годинава има, но нема кој да ги служи.
Туристичките работници се жалат дека мака мачат да најдат работници. Годинава ја оценија како подобра од лани, но сепак далеку полоша од годината пред пандемијата. Велат туристите полека се враќаат, а патувале и македонците. На светскиот ден на туризмот, бараат мерките за поддршка да продолжат, но државата да работи и на продуцирање кадар за секторот.
„Се вратија полјаците, се вратија од Хрватска неколку групи, така да подобра ќе биде далеку од лани, но нема да биде како 2019та. / Младите што се над 20 години, бегаат во странство за повисоки плати, не сакаат да останаат, нас ни останува само таа латентна скриена работна сила, средношколците од 15 до 19 години да може да работат за себе, за фамилиите, за фирмите и за државата.“ изјави Панче Трајковски, хотелиер
Оваа туристичка сезона министерот за економија ја оцени како успешна. Бектеши најави и можно олабавување на рестрикциите во следниот период ако се почитуваат мерките и Корона бројките продолжат да паѓаат.
„ Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комисијата за заразни болести.“ истакна Крешники Бектеши, министер за економија
статистика измери дека годинава за 56% е зголемен бројот на туристи во споредба со лани. Земјава ја посетиле 320 илјади туристи кои оствариле над еден милион ноќевања.