Тупанчевски пред оставката не го потпишал мислењето за новата Еврообврзница- ќе се чека новиот министер
Министерот за правда Никола Тупанчевски пред оставката не го потпишал мислењето за новата Еврообврзница што ќе значеше ново задолжување на државата од 600 милиони евра.
Тупанчевски кој требало да го потшише мислењето не го направил тоа пред оставката која е пооднесена до Собранието на 13-ти февруари.
Со ова процесот за задолжување со еврообврзница ќе се врати на почеток, а неизвесна е каматата која ќе биде назначена за новата еврообврзница.
Каматата за еврообврзницата која пропаѓа беше 6,5% а најголемиот дел од средвата беше наменет за покривање на стари долгови односно седум годишната обврзница издадена во 2017.
„ЦЕЛОСНАТА ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЕВРООБВРЗНИЦАТА ЌЕ БИДЕ ИЗВРШЕНА ПО СПРОВЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕДУРИ, КОИ ПОДРАЗБИРААТ И МИСЛЕЊЕ ОД НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА. ВЕДНАШ ПО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НОВА АУКЦИЈА. ЗА ОВА БАНКИТЕ-АГЕНТИ ШТО ПОСРЕДУВАА ПРИ ИЗДАВАЊЕТО НА ЕВРООБВРЗНИЦАТА ЌЕ ГИ ИНФОРМИРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ, КОИ ПРИ МИНАТАТА АУКЦИЈА ИМАА 2,5 ПАТИ ПОГОЛЕМ ИНТЕРЕС ВО ОДНОС НА ПОНУДЕНАТА СУМА, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ДОВЕРБАТА ВО ДОБРИТЕ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ“, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО НА МИНИСТЕРСТВОТ ЗА ФИНАСИИ.
По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да исплатиме 594 милиони евра за главница како и 138 милиона евра за камати. Од нив, најголемиот дел отпаѓа на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 година, и за која само во оваа година треба да се исплати износ од 450 милиони евра, со камата од дополнителни 25 милиони евра.
Инаку, Владата на седница ја усвоила Информацијата за продолжување на постапката за потенцијално задолжување на државата на меѓународниот пазар во 2023 година. Од Министерството објаснија дека станува збор за документ што е во насока на продолжување на процесот што беше предвиден, а не се реализира во 2022 година поради неповолната состојба на меѓународниот пазар.