Труење на свадба во Струга, десетина гости завршија во болница
Гости кои vo sabotata биле на свадба во ресторан, во струшкиот регион, побарале медицинска помош. Причината, неофицијално, била тортата што била купена од друго место, а потоа донесена на свадбата.
Од болницата во Струга велат дека примиле 10 пациенти. Според директорот на болницата, Мухамет Асани, пациентите биле примени со симптоми на дијареа и повраќање. По лекарски преглед, биле пуштени на домашно лекување.
– Нема пациенти кои се хоспитализиран во нашите одделенија. Ниту еден од примените пациентите не бил хоспитализиран, бидејќи не биле во тешка состојба и по медицинската интервенција биле пуштени дома – објаснил Мухамет Асани, директор на Болницата во Струга.