Тројца мигранти умреле од студ на турско-грчката граница
Тројца мигранти биле пронајдени мртви од последици од замрзнување во турските села во близина на границата со Грција, објави денеска турската новинска агенција Анадолија. Телото на еден од мигрантите го пронашол овчар, кој потоа ги известил властите. Спасувачите во друго село нашле уште двајца замрзнати мигранти, кои умреле неколку дена претходно.
Еден приведен 29-годишен мигрант од Авганистан изјавил дека групата во која бил тропала на вратите од грчките куќи, барајќи помош, но дека грчката полиција ги привела и ги вратила во Турција. Тој рекол дека турските власти ги враќаат илегалните мигранти во мали чамци преку реката Марица. Најмалку еден од смрзнатите бил дел од таа група.
Мигрантите, главно од Сирија и од Авганистан, во 2015 и 2016 од Турција до грчките острови доаѓаа по морски пат, но по договорот на ЕУ со Турција во 2016 повторно почнаа почесто да ја користат копнената рута.