ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Три четвртини од смртните случаи се последица на незаразни болести, еден од тројца ученици има вишок килограми

Во Република Македонија три четвртини од смртните случаи се должат на незаразните болести. Најздравата храна не би требало да биде надвор од досегот на најсиромашните луѓе. Едно од три школски деца има вишок килограми или е дебело. Неопходна е физичка активности на учениците и промовирање и применување здрав начин на исхрана.

Ова денеска го истакнаа учесниците на дводневната мултисекторска работилница за имплементација на Акцискиот план за незаразни болести на Република Македонија која се одржува во организација на Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче на отворањето на работилницата рече дека мора да се смени начинот на живот, затоа што, како што рече, се повеќе луѓе конзумираат високоенергетска храна, со високи концентрации на заситени и транс масти, сол и шеќер, а се помалку овошје и зеленчук и не се физички активни.

Владата на Република Македонија, нагласи, продолжува да ја поддржува Иницијативата на СЗО Европа за следење на дебелината кај децата во нашата држава преку Националната годишна програма за јавно здравје. Посочи дека досега спроведени се два круга, следниот круг на собирање на податоци треба да се случи напролет.

Според него, целта е да се иницира мултисекторска имплементација на Акцискиот план за незаразни болести, како и детално планирање на акции за периодот 2019-2020 година.

– Водечки причини за смртност во Република Македонија се кардиоваскуларните и малигните заболувања. Оваа состојба мора да се промени во насока на спречување на предвременото умирање предизвикано од овие болести. Имајќи ги предвид податоците од истражувањата, кај нашето население пушењето и консумирањето на алкохол сè уште се сериозен ризик за предвремена појава на незаразни болести, рече Филипче и додаде дека Акцискиот план е во владина процедура и Владата ќе го донесе во најкраток можен период.

Шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во РМ, Џихане Тавила рече дека три четвртини од сите болести во Македонија се должат на незаразните болести што е значително зголемување.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.